Суштината на "политичкиот компромис" се состоела во намерата на Черчил, преку компромис со раководството на НОД, да им обезбеди на предвоените партии позиции во повоена Југославија, а воедно и да ги обезбеди британските интереси во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Најочигледна потврда за британската промена во поглед на настаните во Југославија претставува одржаниот говор на Черчил на 22 февруари 1944 година во Долниот дом, кога тој пред членовите на Парламентот многу пофално се изразил за НОВ и ПО на Југославија и за улогата на маршалот Тито, со потенцирање дека Британската влада ќе им помогне партизаните, но и дека кралот и неговата влада, кои нашле прибежиште во Велика Британија, не може да ги отфрлат и затоа ќе се настојува да се пронајде компромисно решение.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)