Некои одеа првин кај мртовецот, му изразуваа сочувство на Танаил и ѝ палеа свеќа на мајка му; ѝ ставаа овоштие, локум и босилок на ковчегот, поседуваа крај неа и издишувајќи од жал, подречуваа нешто за кутрата старичка како се мачела како вдовица да го гледа и одрасне Танаила; и сега кога треба да проживее во полна куќа луѓе, таа си умира, си оди од овој свет; подречуваа нешто и за нејзината кротка, блага душа која на сите во селото, и роднинина и нероднина, само убави зборови им велеше, и која ни на живинче не му свикала, лош збор не му рекла; ќе сронеа по некоја солза, ќе поплачеа, и ќе си заминеа дома; ќе се измиеја на чешмата средсело или езерото, ќе го соблечеа црното руво, ќе облечеа други алишта, и одеа кај Китан на свадбата, на веселбата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Манол постојано ми зборуваше за деца, вели, за полна куќа деца.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ние имавме полна куќа гости, но по ручекот се разотидоа така што во нашиот дел од куќата во тој миг никој немаше.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)