полн (прид.) - свест (имн.)

Овој круг песни е создаван во мигови кога при полна свест се здогледува невината, беспомошна и невидлива нишка животот кога се измачува да не се напушта себеси...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Песната е преобразено битие на нејзиниот автор кој самиот себеси се осмислува во - завет.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Мене ме возбудуваа само: дамнините во сегашноста, фактот дека во полна свест гледаме.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Знаете, се случувало, некоја одговорна личност, во момент на збунетост, или дури и при полна свест, да спомене некое име што ги задоволува критериумите за добивање покана, а потоа ќе заборави да ги изврши и додатните обврски. Како што е на пример писмената препорака.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Бидејќи првосвештениците на националната култура ионака ги погазија сите културни светињи, не ни останува ништо друго освен да го прогласиме, со полна свест за консеквенците, настапот на радикалната празнина.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)