Наводната разлика помеѓу нашите одговори на убавите тела и кон убавите уметнички дела треба да биде основа за темелна разграниченост помеѓу пристрасната и беспристрасната привлеченост, помеѓу користољубивата, себична, егоистична, возбудена заинтересираност и некористољубивата, несебична, алтруистичка, контемплативна беспристрасност.264 За естетизмот, понатаму, обично се мисли и дека искажува потрага по совршенство или посветеност на совршена убавина, која во голема мера е ирелевантна за погрубите, пониски дејства на сексуалната возбуда.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)