поранешен (прид.) - дипломат (имн.)

Вие го напуштивте во 1993 година не согласувајќи се со договорите од Осло...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Поранешните дипломати на Југославија, кои во федерацијата според паритет ги претставуваа шесте републики и двете автономни покраини, го напуштаа предвреме бродот со изгубениот кормилар за да најдат спас во првиот пристан.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На Јован Дучиќ, романтичен српски поет и поранешен дипломат, му ја доверија задачата за кристализирање на идеолошката база на антијугословенското движење.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Константин Фотиќ, југословенски амбасадор во САД, требаше да ги убеди американските власти дека Југославија нема морална оправданост за своето постоење.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Махмуд Дарвиш беше свесен дека пред себе нема љубопитен новинар кој би го искористил неговото присуство за ексклузивно интервју туку човек, писател и поранешен дипломат кој ја споделува на еден посебен начин судбината на неговиот народ, како дел од човековата судбина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше тоа сложена позиција за дипломатот кој некогаш бранеше една а сега друга реалност? Беше тоа помалку невозможна мисија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)