Станував свесен за пропуштеното, особено кога ја следев тешката, очајничката, нетрпеливата Таткова последна битка.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
За него, последната битка со Мирон Донски и со Архивот, околу неговото враќање во царството на сиџилите, беше завршена пред да почне...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
LIX Татко го затекна својот пријател Камилски во својата библиотека тажен, наведнат над своите речници, во потрага по последните турски заемки од речниците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во таа последна битка веруваше дека во судбината на Татко го открил вистинскиот балкански сојузник...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
По испиеното кафе, колку толку за отрезнување, откако Климент Камилски грациозно ѝ бакна рака на Луција, со манир на стар париски кавалер, замина со Сотир Паскали да ја води последната битка со париските книги, подготвувајќи ги за пат кон Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мораше на крајот да му ја признае својата немоќ и на Татко, кого го очекуваше со нетрпение на последната битка во библиотеката...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кутриот Камилски, некогашен јуришник од шпанските барикади, аулите на париската Сорбона, прекален борец во борбата против фашизмот во Македонија, еден од основачите на Универзитетот во Скопје, на крајот заробеник во проклетата тврдина островот Голи Оток, како да одеше на последната битка во својот живот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Телото на Томо ја загуби последната битка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ќе ја добиеме последната битка во големата борба за „спасување на душите“, дополнуваше генералисимусот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Пред тоа, во последната битка за градот, влезе во пламеното оро, пркосно исправен во метежот на истрелите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
XVII. Победен. Совладан. Безнадежно, во последната битка, што му преостануваше, здробен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Нашиот водач, кој нѐ поведе во народноослободителната борба, ја доби и последната битка за да ја спаси нашата земја.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко, сепак го очекуваше последниот сигнал за да замине или не од градот на истекот на реката од Езерото, кој зависеше од исходот на последната битка од борбата што ја водеше Цветан Горски со властите за судбината на патот на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)