последен (прид.) - желба (имн.)

Го прелистувам предговорот: според легендата „Caurapancasika“ е создадена како последна желба на поетот пред да биде погубен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ноншалантно извадете го писмото од ковертата и прочитајте ја последната желба: „Го заветувам своето тело за напредокот на кулинарството“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мајка остана сама во куќата со татковите книги, под вечниот изговор дека таква била последната желба на сопругот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Набргу во мртвата тишина ги задржавме засекогаш во нас последните таткови зборови на полифоната песна... * Татко имаше уште една последна желба.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој изрази надеж дека еден ден сигурно ќе биде исполнета последната желба на големиот Фаик Коница.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ајде, да ѝ ја исполниме последната желба...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Еве, само ова му го пренесов, а потоа, за да обезбедам отстапница, се исклештив сосема непотребно додека објаснував дека сум имал впечаток оти зборовите на Ристе декоратерот ми се потсмеваа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му го спомнав само оној дел од разговорот со Ристе што се однесуваше на Маџунката од Криви Дол; за мајсториите на Маџунката во правењето на ковчези; а патем ја спомнав и последната желба на мртвиот, како и иштавот на покојникот што не смее да се погази.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Измислив приказна дека си болен на умирање и дека последна желба ти е да му шепнеш нешто важно на Рус на уво.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Тука земјата им е полесна и во неа им е исполнета последната желба – да почиваат на своја земја и под свое небо.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не стаса да ја изусти и последната желба: да го стуткаат некако во винско шише и да го пуштат да се изнаплови по морињата, барем така еднаш да види море.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Браќата, исплашени, се согласиле да ѝ ја исполнат последната желба, и во висина на градите оставиле отвор за двете боски.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од топлите и набрекнати гради потекло млеко и, кога детето од иста крв и месо заспало на нејзините боски, таа запеала со глас што го придушувала само дебелината на камениот ѕид.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Последната вечер на осуденикот пред неговата егзекуција (за неговата последна желба ќе се погрижат другарите).
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)