Преку прозорчето Бојан гледаше како снопот догорува, како последните искри се креваат, се разлетуваат и гаснат, паѓајќи во снегот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Згасна и последната искра во мракот...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Во очите ѝ изгаснала и последната искра, и само црвените рабови ѝ ги двоеја истечените вирчиња од избраздените образи.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во погледот што полека му гасне последни искри: радост. Тивка, блажена. Дочека...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Оф, каков си! Мора ли со своето суво филозофирање да задушиш и последна искра фантазирање?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сам, последна искра под полусонот. Надвор - неподвижност. Неоформеност.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)