последен (прид.) - капка (имн.)

Сѐ личеше дека гостите: како со трчање, набрзина, да заминале испивајќи го вкусното вино до последна капка. Сликата беше лажлива!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се цедеа од нив и последните капки млеко.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Се колнам, пред ова свето оружје, дека до последна капка крв ќе се бориме за слободата на нашата земја - Македонија, за слободата на нашиот народ.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сите по ред се наведнаа над софата и секој го бакна револверот и камата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Таа чекаше да докапе и последната капка од шишенцето, па да му ги даде сиџилите, лимоните и лупата...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кутриот Татко, со оваа перодршка, како со копје, и со последната капка мастило, како со последните капки на крвташто течеше низ неговите дамари, токму со оваа перодршка што ја држеше цврсто, како со патерица на своите тешко контролирани и задржувани мисли, на листот бела хартија, го задржуваше простум своето тело, својот дух, својот живот...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Свесен за својот крај, со последната капка здрав разум, се изгубил во планината и никогаш ништо повеќе не се слушнало за него. Умрел на волчешки начин.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тешко му беше да се крева со олабавените, од болеста ослабените мускули, но додека сосем не капна, додека од мускулите не ја исцеди и последната капка сила, не попушти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа Геро го доискапи бинлакот до последната капка вино и екипата одеднаш клапна околу изгаснатото огниште, околу кое немаше ни ковче од речните пастрмки, а плетената амбалажа од црковното или селското вино се тркалаше по удолницата како празна кошница пред некој да ја прибере за пазар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога Кате и Боге ги доглодаа ѓевреците, и нивното пајтонче дооде исцицувајќи ја последната капка бензин и довлечкувајќи го продупениот олук на ауспухот, Богевци со торбите се втурнаа во станот и веднаш викнаа по децата: - Јано, мајке, кај си?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ќе те обеси на првото дрво со главата удолу, сè додека не ја повратиш последната капка черешновица.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не се обидував да видам во моите мисли како лежи едвај подвижен, не сакав да слушнам како последните капки сила го принудуваат да вдишува и издишува, не сакав да знам ни што му врвело низ мислите во тие мигови – дали го мачела помислата на сестрите кои постојано се јавувале во неговиот дом и молеле да се најде начин да ја напуштат Виена, дали имал грижа на совеста од претпоставувањето дека во логорите на смртта ќе ги приберат и нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не се обидував да ги замислам последните мигови од неговиот живот, доволно ми беше што дознав дека е мртов, дека е смирен, без телесна болка, без душевна јанѕа, затоа што сигурно на оној свет душата се ослободува од сите тегобности и самообвинувања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Леле која блажена убавина! - прошепоти пиејќи ја последната капка од втората чашка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Немаше веќе солзи. Се исцедија до последната капка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Лавот ќе ја изеде овчичката... - но Томо само одмавна со рака допивајќи ја и последната капка од слатката амброзија скриена под јазикот на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дури откако им ја исцеди и последната капка трпение, одговори на нивната љубопитност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во низата на корумпирани и неспособни политичари, кои, единствено беа загрижени за добрата финансиска состојба, своја секако, и на своите блиски, во тешките времиња на нашата транзиција, во севкупниот хаос продуциран од корумпираната олигархија, се појави човек изникнат од народот, кој го посвети својот живот на доброто на народот и својата голема енергија до последна капка ја троши за просперитетот на народот".
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Кога ќе почувствувам дека и последната капка крв ќе ја изгубам, ќе пукам. Да поживеам малку подолго од тебе и последен да те опцујам.“ Тоа се мои зборови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со радост ве известувам дека меѓу нас е Пупи Паф.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Откако ќе им ја исцеди и последната капка сила, само повиканата господарка на светот ни ги враќа, остарени и немоќни, вакви какви што сме сите ние, каков што сум и јас.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Татко ја испи и последната капка ракија од својата чашка, Климент Камилски во носталгичен транс започна: Има, брате, пресудни мигови во животот, кога молчењето значи измама.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кутрите никако не се даваа, до последната капка сила се бореа, викаа: Не давајте нѐ браќа! Не!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, со стиснати тупаници. Во полната чаша Кејтен ја дотури и последната капка.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се колнам, додека и последната капка не му истече од срцето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ќе се смее неколку векови, помислив, ќе се смее до последната капка.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се измори. Кога ја плисна последната капка од познатите пцости, едниот рече: „Си напаѓал луѓе. Тоа е.“ Не издржа. „Оние бројки - луѓе!
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Старецот бор беше исцеден до последна капка смола кога му ја поклопи дланката.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Додека гостите и самата Исидора ги пиеја последните капки од шампањското, Томаица и нејзините колешки ја средуваа целата колекција која беше таа вечер прикажана.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А речиси, повеќето се определија да се борат до последна капка крв.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Халт, механички повторуваше во себе и со страшен напор пак се нишаше низ улицата корнејќи ја со грч последната капка сила од себе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Туѓа ми е љубовта небесна, ја чувствувам како своја тагата и омразата што ме опила и на дното од чашата како последна капка најпрефинето вино чека да се стопи на усните на некој безначаен лик.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Соништата ги продавам за повеќе да не се разбудам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сега ми велат - херој ќе бидеш ако се бориш до последната капка крв, ако умреш, ако загинеш со пушка в рака...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
До последниот здив, до последниот куршум, цедејќи ја од себе и последната капка крв - јуначки да изгинеме сите во име на ... зашто нема што да изгубиме освен главата што не мисли...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)