Овие книги, толку пати спасувани низ сите наши балкански селидби, книги кои нѐ спасуваа според верувањето на Мајка, по падови на империи, војни, пожари, селидби, завршуваа како последен мост, како последен тесен премин кон близината во која вечнееше Татко.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Овие народи како да биле лишени од некои делови на сеќавањето, од пресудните документи на времето, за да може да се открие полнотата на идентитетот, а сега нему му беше препуштена мисијата да за открие можноста на постоењето на овој последен мост.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Некои од ѕидарите, што работеле за него и кои исто така работеле на последниот мост, речиси пред една генерација, исто така сугерирале таласум.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)