На последниот свиок, пред Прењес, намалувавме брзина, бидејќи од бараките се истураше река од жени и мажи.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Одевме така, не знам колку, оти времето стоеше во таа светлина; брзината беше бесмислен поим во тој пејсаж, во таа атмосфера на гаснење; веќе одевме кон еден од последните свиоци, пред Велес; отприлика беше некаде околу седум или осум часот, и пред нас веќе се појави мостот, а веднаш зад него тунелот; тоа беше класичен железнички мост, со метална конструкција од левата и десната страна, како коридор што веднаш се влеваше во утробата на тунелот, во неговото темно устие; и, во тој момент Земанек зад мене рече: „Гледај“. „Онде, долу“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На излегување од последниот свиок, патот им го попречи јарец.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Со денови посакувам да те сретнам а ти постојано ми се измушнуваш.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Од простата причина, дека после гласот на Катерина што неколкупати ме одмина и она изненадувачко претрчување на Јана по силно осветлениот премин, таму негде, зад последниот свиок од некој темен влез на затворската просторија истрча тетка Боса и ми се фрли в преграб.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Навалицата застанува. Камионите се губат зад последниот свиок.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)