Трепери пламенчето на свеќата и стоејќи вгледан во рамницата, ми се чини дека допираат до мене бучавата на авионите, тресокот на бомбите и гранатите, свирежот на куршумите, мирисот на напалмот, врисокот на стотиците очајници кои биени од небо и земја, газени и толчени под тенковските гасеници со последната издишка трчаа по оваа последно мало крајче од езерската земја со надеж да се фатат за последната сламка за спас на животот...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Си го чуваше овој адут како последна сламка за која можеше да се фати и, на крајот, сета вина ја префрли на угледниот ориенталист, но, не, не сакаше да влезе во тој маѓепсан круг.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)