Едниот можел да му биде одраз на другиот, два глечера од кои, по топењето, земјата меѓу нив се закитува со рубинени боболки, капки на бол и мачење достојни и за најкрвава царска круна од времето на Римјаните и подоцна на Словените до последниот султан во чие царство луѓето биле бесени на железни куки или гаснеле забуцувани на кол.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како да оживувале старо заборавено оро на пагани што се игра по такт на крици и извици, се доближувале со челата додека се спуштале на коленици, и едниот и другиот со разголени заби и со блесок на модри белки под стиснатите веѓи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Му беше мачно на идеалите од младоста, на храброста, кога се провлекуваше меѓу урнатините на отоманското царство и темелите на новата република Турција, низ балканските војни и окупацијата од француските сили на родниот крај за време Првата светска војна, за провлекувањето низ фашизмот и спасувањето во комунизмот, да им најде поширока историска и филозофска смисла во доцните години на животот кога требаше да го доврши конечно својот проект на животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Запреа среде Камениот мост, изграден од султанот Мехмед II освојувач (меѓу 1451 и 1469 година), пред еден вид стражарница поставена во чест на последниот султан што ќе го посети Скопје Мехмед V Решат во 1909 година.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Последниот султан во времето на јаничарите ќе успее да се ослободи од нив.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Стражарницата во вид на михраб на мостот, обично вградуван во внатрешноста на џамијата, можела да биде замислена и како вид божјо испраќање на војски во нивни походи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во неговиот живот мина близу или далеку крај неколку балкански владетели од последниот султан Рашид V, Мустафа Кемал Ататурк, Кралот Зогу, Енвер Хоџа, на крајот Тито...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Овде, кој да верува, престојувале и султанот Бајазит Први, па султанот Мурат Втори, дури и последниот султан Мехмед Петти Решад!
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)