САШО ПОПОВСКИ Луѓе во маслона платно ... јас сум канта за ѓубре од спомени пијам на журови гнијам со сурови јас немам папучи се бричам бос слушам вести и чепкам од нос шкртам кога пишувам свиркам плачам плачам на филмови во црно бела техника јас сум канта за ѓубре од спомени Го чувствувам сонцето, догорува како последна цигара, скоро до прсти.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ја запаливме последната цигара (ѝ дадовме филмско димче на љубовта која беше на умирање).
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)