последен (прид.) - чекор (имн.)

Последниот чекор беше нешто што ќе се случи во визбите на Министерството на љубовта. Тој се беше помирил со тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Изморен од долгото чекање - пашата најсетне реши, да го направи и последниот чекор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Колку ли пати во ова макабрично патување, во трагикомичниот балет на сенките на водичите, во близината препознавав луѓе од мајчина и таткова рода како ми се приближуваат, но не го чинат последниот чекор до мене, а и јас останувам нерешителен на тоа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Упорно се бдееше над моите последни чекори.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ми остануваа последните чекори за да ја минам границата, да се префрлам во едно друго време.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се сврте да види каде се другите од неговата група – на десетина метри подолу, сè уште тешко се искачуваа кон него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Чизмите му зализгуваа по снегот, редениците му ги притискаа градите како што туркаше со сила да се искачи и кога го направи последниот чекор до рамнината на иста линија со куќите, збивташе како локомотива.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Патот сѐ уште мириса на синоќешниот дожд, додека исчезнуваш во светлината. некаде пред последниот чекор, твојата бледа сенка се смири знам дека ме гледаш.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Ножот со седефена дршка го зеде за една волнена фанела таму, на тулаана; дојде да работи пред да го продолжи својот живот по онаа врвица на која сврши последниот чекор на татко му.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Едно време, кога тој се потокмил да ги стори и двата последни чекора, мечката со сета преостаната сила и поднесувајќи ја сета болка на запците во својата коска, се свртела на другата страна , така што притоа коската скоро причкртала.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ножот со седефена дршка го зеде за една волнена фанела таму, на тулаана; дојде да работи пред да го продолжи својот живот по онаа врвица на која сврши последниот чекор на татко му.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
По неа, надолу, уште три или четири степеници и со последниот чекор влегувам право во мракот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Размисли, убаво размисли до последниот чекор.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)