Мислам дека начукувањето до грло во последниот чин од Камелија е најсмешното нешто што некогаш се извело.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
О, малку морфиум
анестезија
додека ти ја режат
татковината
на живо
по којзнае кој пат
овој пат дома
- помрачениот ум реже
заслепен од белината
на светлината
од себеси, Боже
суетата е клопка
осуети ја
избегни го последниот чин
на македонската
мелодрама
смени го жанрот
направи нешто!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Таа беше мртва, освен последниот чин на умирањето.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ја напушти претставата пред последниот чин, оставајќи ја Рада склопчена како топка на едниот крај од креветот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
А.А. многу повешто и поуиграно од Х.Х. и трите водичи - конзерватори, секој задолжен за секторот на една од трите вери на народот, ја менува и приспособува интонацијата, како да се наоѓа на значајна естрадна сцена, пред кого небаре се наоѓа целиот народ, а не ние, измачените слушатели и гледачи во последниот чин на ова фантомско патување.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ова можеше да биде тешко обвинение, на кое како да чекаа блиските ликови од овој театар на апсурдот со свој последен чин во замрачената балканска крчма.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Затоа тие решиле да го извршат и последниот чин од долго подготвуваната акција.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тоа ти е апсолутно сјаен момент кога стварно плачеш – последниот чин на Камелија е и таа е на кревет [умира од туберкулоза], а таму е и Арманд [нејзиниот љубовник]...
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)