И како да не е доволно веќе поставеното прашање, тој повторува: - каква треба да е пушката?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Прскаат од неа милионски искри во зазорените патишта на планината, го цепат воздухот над нашите глави и само погледите сега го следат ова нивно преселување во највисоките височини, недогледаните далечини, тајно - бескрајно.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
4. И сосема на крај на оваа книга, како одговор на поставените прашања - песни, повторно: се извишува почетокот како крај и крајот како почеток...
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Повторување на истите лаги, совршен одговор на погрешно поставените прашања.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Но Татко остана цврсто на поставеното прашање и одговори: Познато е дека исламот се роди во пустина. Во песочен лавиринт.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не дека посебно настојував, така ми идеше денот со него да го започнам со мали нежности, со божем случајни допири, со детинесто поставени прашања на кои самата си давав благоиронични одговори по што брвнував во смеа, на што тој ќе речеше - денес да се плати струјата или така нешто, и ќе ме оставеше да стојам со отпуштени раце во ходникот додека звукот од лифтот не ми потврди дека веќе е долу, и дека треба да се чека дури утрешниот ден за нов обид за остварување на онаа блискост што се сведува на радост што ете, на овој свет сме заедно, оти она што повремено нѐ зближуваше ноќе, беше само страст, дива и мрачна.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Сепак, бидејќи овде станува збор за визуелизација на популарното, внимание привлекуваат најзагадочните елементи од скулптурите на браќата Чепмен - сеприсутните „Најк“ патики (некаде „Фила“).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во споменатиот разговор, на поставеното прашање за потеклото и значењето на тие патики, уследи карактеристично небулозен одговор: „Без нив сè немаше да изгледа толку нездраво како што треба да биде - постои нешто налудничаво кога на нешто му давате контекст без врска.“
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
АНГЕЛЕ: Не господине не д'ткам, само не можам да одговорам на директно поставени прашања.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
На крајот претседателот Бен Али не заборави да ми го повтори поставеното прашање од пред четири години: дали ќе пишувам за Тунис од времето на мојата мисија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Осум пати да те исфрла, дури деветтиот пат засекогаш да го покрие твоето грешно тело.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
И навистина, преку вешто поставени прашања, меѓу другото, дознал и за измамата со наопаку поткованите коњи и се здобил со сознанија за вистинската состојба во тврдината.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Срцето му препукнало од лутина и тага.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
А ако го прашав случајно, дали има нешто ново, ќе одмавнеше неодредено со раката, а што очекуваше ти да се случи, и се чинеше навистина изненаден од вака поставеното прашање.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
На поставеното прашање за неговите чувства кон Маре речиси со иронија забележа дека нема потреба да си вообразуваат работи што се надвор од секоја логика.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Неговата убеденост беше толкава што кај полицаецот предизвика непријатност и тој се извини поради поставените прашања.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Бевме дваесетина луѓе, седнати околу една од оние метални маси со метални столчиња, на кои можат да седнат најмногу шестмина.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Татко некогаш ѝ беше рекол на Мајка дека некои книги се живи и можат да одговараат на поставени прашања!?
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ајде да ги вратиме наводите во нивниот “изворен” контекст и да видиме дали таквата критичка вежба ни помага да почнеме да одговараме на некои од поставените прашања. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 16 “Богот на пишувањето е значи едновремено негов татко, негов син, и тој самиот”.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Пишувањето е можно во тоа надоместување на таткото со привид на присуство.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)