Потоа, штом ќе се решеше на првиот потег, другите доаѓаа ведаш по него и не се редеа едноподруго туку речиси се трупаа едноврздруго, а тогаш веќе Гого беше во светот на сликата и околониот свет стануваше една предвремено поставена рамка, која само му пречеше кога се судираше од неа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)