Нивните колебливи од аспект на доверба сведочења, субјективни и под влијание на повеќеструки мотиви поставени во ист ранг со можното, но не докрај дефинирани, од ликовите на Бунар прават загатки.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сите овие процеси се управуваат преку централни командни табли поставени во котелните објекти. Затоа во овој огромен комбинат, кога тој ќе биде наполно завршен, ќе работат само 700 работници.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Таа е тркалезна, а седиштата во неа се подвижни и поставени во круг.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Талка низ него, дури и откако заедно со семејството, со последниот, августовски транспорт ќе биде депортиран во логорот БергенБелзен и поставен во категоријата на привилегирани логораши.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Проклетството на погледите што го следат од прикрајоците, гласот на ветрот што сенишно свири низ празните маала кое насекаде го следи...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Уметникот и не сакајќи сожалително се усмевна. Бокалот е поставен во кујнска маса, со две ружи внатре.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Сараевскиот атентат (28 јуни 1914) и одбивањето на условите поставени во австро-унгарскиот ултиматум (23 јули 1914) биле искористени како повод Австро-Унгарија да и објави војна на Србија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
На 28 јули 1914 Австро-Унгарија, под влијание на Германија, и објавила војна на Србија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Опашката ѝ беше поставена во позиција на неизбежен погон, но телото ѝ беше целосно неподвижно.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Лежеа на кревети поставени во редици од двете страни од огромната сала.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Долго стоевме пред „Богородица и детето Исус“ и „Распетието“ од Џовани Белини, донесени од музејот Корер од Венеција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа вечер му се јавив на Зигмунд. Рече дека има малку време во текот на следниот ден, и дека можеме да поразговараме додека ќе ја разгледува изложбата „Мајката и Синот Божји“, поставена во Кунстхисторишес Музеум, за која од цел свет беа донесени стотици слики кои ги претставуваа Дева Марија и Исус.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Истата беше поставена во Народниот театар во Велес и во Народниот театар во Прилеп.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Од јачкањето на еден од нив не го чул чкртањето на своите катници. Не можел ништо да стори.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Луѓето биле врзани со оружје и со страв што ќе трае долго и биле судбински поставени во непроменлива позиција.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Купата повторно се враќа на критичката состојба. okno.mk 89 Песочната купа ја зголемува својата сложеност во текот на растењето од подкритичната состојба или фазата на подреденост и се урива ако биде поставена во надкритична состојба или во случајна фаза.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Кога излезе неговото височество „ФИЌО“, Телевизорот „Мајор 67“ и домашниот телефон покриен со плетено миленце со една игла, поставен во претсобје врз сандачето за чевли. Тука скопјаништата ги прегазија дојденците.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И многу мали чаши и шишенца за пиење ракија, свртени наопаку (да не се прашат), поставени во кругови; бокали со ракија, а за жените мали шишиња „Јупи“ и „Кокта“, наредени наизменично жолто – црвено... без чаши. И – толку!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Наоѓаше другарче од средно, комшија од маалата или братучед на баџанакот кој е високо поставен во партијата која има победено на изборите. – Алек, ич не се изненадив кога ми рече дека тој ќе биде директор на секретаријатот.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Стражарницата во вид на михраб на мостот, обично вградуван во внатрешноста на џамијата, можела да биде замислена и како вид божјо испраќање на војски во нивни походи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Секоја книга беше поставена во рафтовите на библиотеката како тула на сеќавањето во одржувањето на оној continuum temporum за кој зборуваше Климент Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Запреа среде Камениот мост, изграден од султанот Мехмед II освојувач (меѓу 1451 и 1469 година), пред еден вид стражарница поставена во чест на последниот султан што ќе го посети Скопје Мехмед V Решат во 1909 година.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Откако ги признаа сите тие работи, беа ослободени, повторно поставени во Партијата и им беа дадени функции кои всушност беа празни, но звучеа важно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се зборуваше дека во тоа време „Под врбата“ сѐ почесто доаѓа Гоше вработен на осматрачницата поставена во женскиот оддел на Прифатниот центар за странци.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ема таа ноќ беше воздушеста, нестварна, со сè она што ми беше познато, а толку необично во играта со сенките, со голите гради, со двете танки, едвај видливи, бранчиња на стомакот и со волната од горниот дел меѓу нозете што се вплеткуваше со волната меѓу моите нозе; ја гледав благо зафрлена наназад, потпрена на рацете, првпат така целосно фатена во мрежата на сенките од розовата светлина на пред малку запалената столна ламба, од левата, и светлината на уличните канделабри, што трепереше преку завесата на прозорецот, од десната страна.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Таквото чувство набргу избледна кога во креветот, поставен во средината на спалната соба, ги лижев преостанатите капки по кожата на Ема која неколку минути пред тоа се упати од купатилото во кујната, таму си стави на јазикот една лажичка пудинг и дојде кај мене, свиткувајќи ми се меѓу нозете, гола и влажна.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Прв пат таа ноќ можев да ја видам пред мене во полумракот како нестварна жена во стварноста што ме давеше, со необично издолженото лице под расфрланите коси што се сплеткуваа со сенките од букетот во високата вазна поставена во аголот на собата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ковчегот со измиеното и променето тело на Сандри, беше поставен во средината на црквата, а околу него гореа свеќи во рацете на присутните.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во ковчегот што беше поставен во одајата свртен кон исток, роднините, пријателите, селаните, му ставаа разни овошја и благи работи да им ги однесе на нивните мили што се на оној свет.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Камерите се поставени во вештачки снег, кој се исфрла од авион, и кога снегот ќе падне, очите се насекаде.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Бев дојден во родната земја во својство на писател, за да селектирам драма од албански автор која требаше да биде поставена во Албанскиот театар во Скопје.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Масите сега беа поставени во тркалезен облик.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Сега, тој беше сосема маѓепсан од осаменичкото творештво така што дури ни длабински бомби поставени во заливот не би можеле да ја запрат неговата рака што леташе, ниту да го натераат да се сврти.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Во серијата на билборди, плакати и банери поставени во јавни простори во внатрешноста на низа градови во Европа и Јужна Америка кои го сочинуваат проектот „Алтернативна економија, алтернативни општества“, Реслер ги користи средствата за надворешно рекламирање за претставување на алтернативи на постоечкиот општествен и економски систем.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Оливер Реслер Оваа конвергенција на уметноста и активизмот во јавниот простор е евидентна во делата на Оливер Реслер (р. 1970 година, Австрија).
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Потоа го подигна капакот од големиот сандак, поставен во ќошот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ова чувство може да биде засилено ако сите столови се заземени или поставени во геометриски облик кој е во конфликт со психичките граници на просторот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Вреди ли уште да пребарувам по тоа што сум го пишувал или да останам рамнодушен на провокациите, кои бездруго беа поврзани како во верижно коло со други, трети прашања, кои неизоставно ќе ми бидат поставени во текот на патувањето.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тој не случајно е поставен во нашата комунистичка земја. Јасно е каде цели А.А.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Преку таа ограда од талпи со крстови беа поставени во еден ред иконите што беа пренесени од старата црква, а над нив беше направен дрвен лик во кој зографот што требаше да дојде ќе направи икона во облик на леб пресечен на половина.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Во рамките на борбата за своите права (чл. 61 од Берлинскиот договор предвидувал спроведување реформи во Ерменија слично на чл. 23 кој се однесувал на Македонија), во август 1896 година ерменските револуционери, приврзаници на Комитетот “Дашнак“, снабдени со 16 кг динамит поставен во торби, влегле во Отоманската банка во Цариград, ја заклучиле вратата и ја окупирале.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)