потсмешлив (прид.) - поглед (имн.)

Го болеше нешто друго: оние потсмешливи погледи на младите, што ги чувствува и зад својот грб, дури тој бескрајно долго мисли како да излезе од некоја ситуација од која не постои излез.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Савка живо се приготвуваше, понекогаш и ќе запееше: пред куќата на својот чекан маж и не ќе се плаши веќе од потсмешливи погледи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мрмореше, се муртеше, тој осаменик и намќор навредата на потсмешливиот поглед ја чувствуваше сетилно, како удар или шлаканица.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Од отворениот прозорец на првиот кат ме стрелаше со вкочанет и потсмешлив поглед намразениот професор по јазик и историја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Човекот во сина облека ги забележа потсмешливите погледи на младичот емитувани кон дисциплинираниот ред муштерии на градскиот сообраќај.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И денес го гледам татко ми, онака свиен во темната соба, претворен во силуета пред светнатиот апарат во мракот на одајата и наслонет со увото на шепотливото радио.  Еден ден, беше тоа некаде кон почетокот на окупацијата кога дојдоа и ни го запечатија радиото, Рашела почна да ги забележува нашите потсмешливи погледи, по посетите на млекарот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Савка живо се приготвуваше, понекогаш и ќе запееше: пред гроздоберот попот ќе ја благослови и таа ќе појде во куќата на својот чекан маж и не ќе се плаши веќе од потсмешливи погледи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Човекот во сина облека ги забележа потсмешливите погледи на младичот емитувани кон дисциплинираниот ред муштерии на градскиот сообраќај.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таму сѐ изгледаше испустено, иако сѐ беше исто: сѐ беше на своето место, но годините на непроветреност и талогот на насобраната прашина, на тој простор му беа дале поинаков изглед и некакво мртвило.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Излеговме од дома испратени од потсмешливиот поглед на мојата мајка. Молчевме сѐ до неговиот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)