поубав (прид.) - од (предл.)

Има нешто особено привлечно во тие чиновнички деца, како да се растени во еден свет поубав од нашиов, нешто бело и сладосно топло, како што е бел, топол и мек лебот што го јадат чиновниците.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Упаднав утрово во сред муабет на две баби во автобусот бр. 5, на добро разработена тема, и со внимание ја проследив сета дискусија која се разви на половина автобус, на горната платформа и сите здушно учествуваа во правењето на сармата, од тоа дали е поубава од лански лист чуван во сол и вода или е подобар свежо набран од „еколошки“ двор во Карпош кај баба Нада, која лозниците никако не ги прска дури не накалапи 30 пакетчиња.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И иако беше бледа, исцрпена, измачена, изгледаше поубава од кога и да е.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кукли кои можеби си вообразиле дека се поубави од обичните моми и оти поради тоа бараат посебно внимание...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И стрико му му донел балон. О, син балон! Уште поубав од жолтиот што му пукна.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ние децата велевме дека овие ракети се поубави од првомајските.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше слатка, преслатка, убава, преубава, поубава од секакво злато.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Стариот вагон со будно срце го слушаше дишењето на двете уморни деца, бдееше над нивниот сон и блажено шепотеше: - Јас, јас ними сум им дом! Има ли поубаво од тоа!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Дрвјата си шиеја нови зелени фустани, поубави од ланските.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)