Камилски не искоментира, макар што ја разбра благата Таткова иронија, која се однесуваше на почетната намера на неговиот пријател да се пресметаат со опасните османизми.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Застрашувачко продирање во сржта на мракот кој владее над Албанија во времето на Црвениот султан, како што го нарекуваа Енвер Хоџа, при што авторот останува тврдоглаво верен на својата почетна намера: да се откријат во ткаежот на балканските времиња за подобро да се согледа целата шара.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Расправата за судбината на поимот милет во балканските јазици ги одвлече Татко и Камилски, неочекувано многу подалеку, во различни области одошто очекуваа, но сепак не веруваа дека допреле до неговата суштина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)