Другарот Чапаев, и самиот студент по правни науки, беше свесен дека судството, како витална оска на новата држава, ќе мора да се темели врз стручност, врз знаење и врз искуство.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
По војната, студирал правни науки во Софија и во Белград.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Оваа мисла ме обзеде уште во младоста кога, во Цариград, студирав правни науки и исламска философија.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Како некогашен дипломец по правни науки и исламска филозофија на Цариградскиот универзитет, Татко и во доменот на заедничките турцизми на Балканот наоѓаше аргументи за својата теза дека христијанската и муслиманската вера покрај противречностите коишто ги содржат една спрема друга, како источни религии почивајќи врз источниот мистицизам заземале дистанциран став кон западниот начин на мислење и претставата за светот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Како што Климент Камилски не можеше да има среќна иднина во тогашната југословенска Македонија, да го добие своето високо место во хиерархијата на повоената власт во Народна Република Македонија, со оглед на својот деклариран просоветизам, тој дури и невин одлежа строг затвор, така и Татко со својата османскотурска диплома по правни науки и албанското емигрантско минато, кој можеше да смета на висока позиција во хиерархијата на власта на нова Турција, не можеше да смета на позиција во новото југословенско комунистичко општество.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Својот полубрат, кој студираше правни науки во Болоња, го сакаше повеќе од вистински брат.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Јас „зорле“ студирав на Факултетот за правни науки.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Таму, како змиска кожа, беше падната сета правна наука на светот, од римското право до постмодерната демократија; и ослободениот студент по право на прва година не знаеше што да прави не само со своите права туку и со своите прсти, освен да ги меси мрвките леб во сè побезоблични облици.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Хабиб Бургиба, таткото на нацијата, основачот на Република Тунис, нејзиниот апсолутен господар, со сите дипломи на правните науки во угледните париски универзитети, ги имаше сите претпоставки, да биде првиот творец на граѓанското и повеќепартиско општество во државата Тунис, која по мирен пат (благодарение на генијот на Бургиба) се отцепи од колонијална Франција.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Господинот Серафим Гроздановски, пензиониран доктор по правни науки, живееше сам на првиот кат од една станбена зграда во Капиштец.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Татко во Цариград, студирајќи правни науки, имаше јасни и автентични сознанија за ленинско-сталинскиот социјализам.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
По студиите по правни науки во Цариград, тој се враќа во родниот крај, во Поградец, на албанскиот брег на Охридското Езеро.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Познати се и неговите Дневници и Писмата до Милена.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Докторира на правните науки во 1906 година и со години работи како висок службеник во некои осигурителни компании.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Некогашен примерен дипломец на правни науки во Болоња, по ослободувањето на Албанија од фашизмот, во 1944 година, Бубуш ќе се вработи во Министерството за Правда, а потоа и на други работни места, како докажан експерт од областа на статистиката.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ќе можела да студира таму и медицина, и техника, и сѐ друго, покрај своите браќа, кои студирале правни науки и агрономија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)