Се затресе потковицата од селани, се заниша редот лопати и вили, мрените им се превртеа во зениците, им згасна кандилото во очите, им се преврте празниот желудник, им се забурбати, се наведнаа, зедоа по една кисела слива, си ги закиселија непцата и скиселени исчезнаа. Отидоа ко што дојдоа: глуви, занемени.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)