Само малку да се затопли. Да го почувствувам сонцето како ми го грее тилот, да го вдишам првиот здив на пролетта.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Не можејќи да излезе во првиот здив, онака ужасно надојден и разјарен, викот му го распара грлото и згина без одзив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
По гола ливада, просто збришана од првиот здив на безмилосната планинска есен, полека чекори подведната старица.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)