И кога Миќо, со кого седев заедно во првата клупа, ќе почнеше да прави непристојни движења зад неа штом таа ќе помине меѓу клупите јас не ги обелував забите како другите ученици, ами страшно одвратна ми се чинеше таа постапка.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Беше договорено, право на прашање или реплика да има само Тихомир кој секогаш на предавањата седеше во првата клупа, на крајот, од десната страна, во редицата во која беа сместени осамените срца од педесет до шеесет години.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Сега со години талка сам низ полето и ги собира стакленцата од очилата на детето некогаш што седеше во првата клупа и кое најубаво ја кажуваше песната: кога е војна – секое дете е јаболко расечено на две половини кон земјата зелена кон небото – црвена.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Седнав во првата клупа укајќи во врелите дланки.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Значи, таа вечер кога Нанчо ја фати вошката на моето рамо, ми рече Ти фатив една овца! па сметајќи дека не го разбирам што ми кажува, дообјасни Вошка ти се шеташе на рамото, дојди ќе ти дадам прашок! јас не мислев на вошката туку на тоа дека седам во првата клупа и дека ако таа може и по темница да се види, тогаш во светлата училница секако и од далеку може да се забележи.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Штом седнаа на првата клупа под сенка, девојчето се припи до него како да ѝ студи.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Како што ќе поминам сега до првите клупи, си мислеше Ема додека несигурно стануваше од столчето, сите ќе почувствуваат дека мирисам.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Ајде, соблекувај се. - Ама... - Ема се обиде да го задржи палтото.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Мене ми е сосем сеедно. И тој ми рече дека сум низок.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
И тој ме распореди во првата клупа - со Софче.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Девојчињата беа длабоко разочарани. Тие повеќе сакаа некоја наставничка.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)