160. Мисирковата поделба на нашиот литературноисториски развиток на три периода не е без основа, особено ако се има предвид целта и времето на периодизацијата: првиот период го претставува времето до појавата на националистичките пропаганди во Македонија и до задушувањето на употребата на старословенскиот како литературен јазик; вториот – времето на националистичките пропаганди (до појавата на книгава, 1903), кога се воведуваат туѓите јазици во Македонија како литературни, период што е како „непреодна стена” помеѓу претходниот и новиот што тој го очекуваше со реформирањето на Македонија и со воведувањето на македонскиот јазик како литературен за сите Македонци, изграден врз основа на резултатите од развитокот на современите народни говори, коешто го смета како трет период што го наречува „преродба”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Покрај неговите навистина добри коментари за скорешните резултати на оваа дисциплина, карактеристиките што тој ги дава за првиот период се подеднакво актуелни и денеска во склопот на работата од индивидуалните опсервации и полемики на преведувачите.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Според Штајнер, првиот период опфаќа распон од 1700 години, додека последните два периода само триесет.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Сарафовиот комитет и Сарафов лично, ако се исклучи материјалната помош дадена, особено во првиот период, на Револуционерната организација и нанел огромна штета од морален и политички карактер.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тоа е негативната страна на првиот период од нашето национално самосознавање; тоа е причина за неуспехот на нашето востание.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)