Едно од првите прашања што ќе го постават противниците на националното обединување и преродување на Македонците ќе биде: Каква македонска словенска народност?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- „Но зошто?” Тоа е првото прашање. Зошто не сакаме ни самите да откриеме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ова има врска со првото прашање: како да се чувствуваш нормален во овој хаос, како да задржиш барем некакви морални (естетските се, да речеме, поделикатни) критериуми?
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Можеби имаш некакви зенитистички, интимни стратегии на преживување?
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
После, кога ми дојде мене редот, откако таа си го положи испитот, го знаев само првото прашање.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Фелдфебелот ги стави рацете на грбот, ги подрасчекори нозете со бели објала препашани со опути, ги поднаду градите за да го постави првото прашање како што треба, ама од тоа и Шишман се подисправи божем мирно по војнички да застане и камчето во џебот тропна, а градите на фелдфебелот му се подиздисаа.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Продолжи без да добие одговор на првото прашање.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Знаев дека првото прашање ќе биде какви се моите впечатоци од Македонија, бидејќи ова прашање е општо, јас претчуствував дека тоа ќе ми го поставите...
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
“ - било првото прашање на Едип-паша.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Службеникот ги стави очилата и со повишен тон го постави првото прашање: – Име на семејството?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Така е запишано во вашето досие” ми го упатија првото прашање во кремљската комисија. ,,Да, товариш претседателе, добро ги познавам руските јагули, триесетина години ги проучувам, но има многу работи кои тешко се откриваат, особено кога е во прашање нивната миграција.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Можеш ли да ми одговориш, се сврте тој кон мене, кое било првото прашање што си го поставил Адам кога се нашол во надворешниов свет во кој ќе треба самиот да одлучува а притоа не му се дадени или нема при себе никакви упатства и елементи што ќе му помогнат да донесува одлуки што ќе го поведат по вистинскиот пат?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)