Не е јасно што настапува прво, дали истополовата желба или родовата дисонантност, а не треба ни да се претпоставува дека првото или второто е извор или потекло на другото.
Еднакво немудро би било машките геј-културни практики да се оградуваат од секаква вплетеност во родовата обратност, во родовата девијантност или во родовата нетипичност – како што се обидуваат да прават некои критичари, кои им пристапуваат со постоунволско сфаќање на машката хомосексуалност како чисто сексуален и мажествен идентитет.366 Повеќето машки геј-културни практики, најпосле, од обожавањето диви до внатрешното украсување, излегуваат силно интонирани со женствени значења и нема потреба да се заматува тој факт.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Може да изгледа дека си го ограничувам концепцискиот модел на површни појави, на етикети или знаци или категории или идеологии, избегнувајќи ги длабоките, внатрешни процеси преку кои се формира и се ориентира поединечниот субјект.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Иако настрано дете можеби нема да си ги преведува еротските чувства во сексуална активност пред да порасне и пред да излезе од плакарот, што понекогаш може да потраe и многу години, тоа не значи дека тоа не доживува еротска привлечност кога сѐ уште е дете – вклучително и еротска привлечност од хомосексуален вид.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Може да заличи на заблудено, во секој приод кон машкиот геј-субјективитет, ако се пренебрегнуваат психичките фактори и ако се става преголема нагласка на општествената семиотика, на кодовите на полот и на родот, ако се третираат како определителни за премрежињата на машкото геј-формирање на субјектот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)