прекрасен (прид.) - однос (имн.)

Остана дури и денес во прекрасни односи со госпоѓата Фатма Белхоџа, сопруга на покојниот министер за финансии Белхоџа, (Бургиба беше нивен кум на свадбата) главниот преговарач за независноста на Тунис со некогашниот француски претседател Мандес Франс.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Турскиот амбасадор во Тунис, со претци од Босна, Муарем Тунчер, со кого имав прекрасни односи, кој беше историја за себе, велеше дека вистинскиот амбасадор е само висок чиновник на својата земја!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)