прекрасен (прид.) - суштество (имн.)

Ти си му го скршил срцето на то мило, нежно, прекрасно суштество!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Крени ја главата, ќерко, ти никому не си згрешила и од никого не треба да бараш прошка кога си простила себе си со раѓањето на едно вакво прекрасно суштество каквоа што е Пеличка!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Така ме викаат другите, ама јас не се согласувам со додавката на моето име, оти мислам не сум толку добар и не ќе бидам добар до колку не им угодам на прекрасниве суштества, што сум ги создал, а нема со кого да играат...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Знам дека ми прости и дека денеска клечиш пред мене од благодарност што си имаш едно прекрасно суштество, плод на еден срам, ама го сакаш и ќе го сакаш со целата своја љубов, оти е дел и од тебе!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)