За во иднина, В И. – која сега работи во друга приватна фирма и која, поради оправданиот сомнеж во партиската блискост на синдикалните лидери, не е член на ниту еден синдикат – вели дека ако се најде во ситуација повторно да ѝ се прекршени работничките права, доколку нема друг начин на справување со бесправното, таа повторно би се впуштила во спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Примерот со Анчевски може да делува охрабрувачки врз останатите работници на кои им се прекршени работничките права, а се колебаат дали да покренат тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Оваа првостепена пресуда беше доброволно извршена од страна на директорот на туженото акционерско друштво (Љ.Дракуловски) – при што немаше потреба да се иницира нова постапка за присилна наплата кај извршител.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Останатите работници, кои исто така ги добија судските спорови, продолжија да работат во „Алумина“ АД сѐ до навршувањето на 40-годишниот работен стаж. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Од целата оваа ситуација, која е прилично тешка за психофизичко издржување – земајќи ги во предвид многуте неисплатени плати, долгиот процес на трансформација на претпријатието во приватна сопственост, а во некои размери и лошата, а на моменти и непријателска работна атмосфера – В.И. ја гледа, условно речено, добивката од добивањето на овој судски спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)