Со црвени кордели на русите плетенки, со кусо ѕвонесто здолниште во сите бои на едно ромско клопче, таа уште и дрнкаше на гитара со голи коленца едно врз друго, па немаше друштво што можеше без неа и немаше веселба без таа да е прва, макар што во учењето не се истакнуваше толку и добиваше преодни оценки благодарение на својот умилен изглед.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Од многубројните додворувачи и умилкувачи што ја напаѓаа како гладни оси зрело грозје, Горде одвај успеа да заврши средно училиште со преодна оценка, и тоа повеќе поради својата милновидност одошто поради својата бистрина, а веројатно нешто и по заслуги од залагањето на својот поширок род.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Живко му даде на виното преодна оценка, како и на она во „Црвени петли”, што значеше дека можеше да се пие без муртење, но и без во одушевување, што пак од своја страна значеше дека наводнава воденица требаше да се сфати како продолжение на „Црвените петли”.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)