преостанат (прид.) - дел (имн.)

Јаков чувствуваше дека телото му е топло и од кожата, му се стори, му испарува преостанатиот дел од дивите мириси на Ребека.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се исправавме конечно, во моментот на „Ever and ever“. Ѕидовите беа бојадисани само дополу, преостанатиот дел беше варосан.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
По решението, со кое, своевремено, Татко се именуваше за социјалистички судија во Судот, ова беше второто значајно решение, ако не и најзначајното, во преостанатиот дел од неговиот живот и од животот на неговото семејство.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога во една научна потрага од Институтот за национална историја, во Битола, ги откри битолските кадиски сиџили (ХV-ХIХ век), преостанатиот дел од животот го посвети на нивното толкување и проучување.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Читајќи ги насловите на книгите обземен од тивко задоволство најпосле Камилски заспа и од преголем замор ги спои преостанатиот дел од денот и целата ноќ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко во преостанатиот дел на ноќта и до пладне идниот ден ја прочита целата книга на Камилски за воспитувањето на детето која, всушност, беше објавената дисертација на француски јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски беше човек на незапирливи емоции, дури и во годините на староста кога емоциите или пресушуваат или се преплавуваат, тој стана, го прегрна Паскали и му рече: Сине мој, никој вака не ме разбрал досега, кога се во прашање моите книги, преостанатиот дел од мојата судбина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога во далечната 1943 година ноќе со еден стар семеен чун ја минавме границата која беше означена под Езерото, според легендите во кои верувавме во детството и чувана од еден змеј, границата меѓу родната земја и среќниот егзил на другиот брег, ние бевме осудени на клетвата дека нема враќање од егзил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во целиот преостанат дел од животот длабоко во мојата свест одекнуваше синтагмата - нема враќање од егзил, нема враќање од егзил, нема враќање од егзил!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Гризеше од сочниот плод, џвакаше со предизвикувачка сласт и пак гризеше низ смеа, со широко развлечени усни од кои карминот се лепеше на преостанатиот дел од јаболкото во нејзината рака.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Поголемите синови ѝ се сронуваа во новите судири со животот, со преостанатиот дел од тежините на егзилот кој им остануваше во наследство, без Татко, што најмногу го докршуваше секогаш силното Мајкино срце, најсилниот жртвен браник на нашите животи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Го негуваше преостанатиот дел на сонот на мажа си.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во преостанатиот дел на сонот продолжуваше да го мачи силата што би можела да го спречи патот на јагулите...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Од благиот занес го оттргна гласот на Игора Лозински, кој го повикуваше да го види преостанатиот дел од колекцијата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Вака, среќен што остана во живот, следејќи го патот на јагулите, по руските и европски реки, стигна до митскиот предел на најубавото езеро во светот, за чии живи фосили беше готов да го жртвува преостанатиот дел од животот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Чунот, ех, чунот, додека траеше окупацијата, уште му служеше на преостанатиот дел на семејството, но, по војната...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во еден момент ја забележав дури и неговата сенка како се протега низ отворениот прозорец за да го премести од мојот поглед преостанатиот дел од тврдината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога се врати Грофот си седна на бирото и се задлабочи во хартиите пред себе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сонцето беше напола потонато и, додека гледаше во него, со секоја секунда тонеше и преостанатиот дел.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Преведувањето ќе му го спаси преостанатиот дел од животот, ќе му го осмисли крајот...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се обединуваше во ракописот едно мало семејство-човештво што ми ја откриваше смислата на преостанатиот дел од животот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тој ја напушти долгогодишната адвокатска и судска кариера, жртвувувајќи го преостанатиот дел од животот на оживувањето на кадиските битолски сиџили, во кои се криеја кодовите на исчезнатото време.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во таква ситуација преостанатиот дел од СОИ станал ден од Канцеларијата за стратегиски служби (Office of Strategic Services - ОSS).
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Имено, со потпишувањето на одлуката 9182 на 13 јуни 1942 година, претседателот на САД, Франклин Делано Рузвелт, го формирал Бирото за стратегиски услуги ОСС.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Го очекуваше преостанатиот дел од мојата реакција.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сите најважни издавачи на Борхес беа тука: Диего Идалго од Алијанса, Клод Галимар, кој ја придружуваше Марија, Франко Марија Ричи, за кого Борхес ја уредуваше серијата “Вавилонска библиотека”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Конечно, поради мошне заплеткани причини и како след на горки завади, Борхес го загуби и преостанатиот дел од своето семејство.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Најпосле, ги загуби и своите најдобри пријатели, од неразбирливи и нејасни причини.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сето тоа во некоја рака се покажа на неговиот погреб.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го потфати со палецот, го запрелиста – помалата прва половина од листовите беа неиспишани, а преостанатиот дел прошарано пополнет со разни белешки и чкртотини со молив и со мастило.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)