Избраникот на нејзиното срце беше Јон, едно здраво, цврсто момче со румени образи и убава насмевка, син на млекарот што со каскет на глава, секоја квечерина доаѓаше дома и ни носеше пресно млеко.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Приспособил потоа дел од кошарата, направил огниште и до крајот на зимата живеел крај секогаш запалениот оган, во кошарата, прехранувајќи се само со по некое компирче без сол, по некое јаболче и со пресно млеко од овците.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кога им беше сув лебот, летно време кога имаше матеница и пресно млеко, дедо му често го дробеше, па така, натопен во матеницата или попарен со врело млеко, лебот се изедуваше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
За тоа време и Денко се врати, а на огнот меѓу двата шатора веќе се вареше пресното млеко.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ми спомнуваат пак пресно млеко, неварено.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Години со ред, со него доаѓаше и Јон, единственото машко дете на млекарот, кое со тек на време почна сѐ поредовно да го заменува татка си, сѐ додека, не стави и самиот каскет на глава и не почна, место татка си, самиот редовно да го разнесува млекото. Никој не знае кога Јон и Рашела се загледаа еден во друг, важно тоа се случи и сите го знаевме, особено по руменилото болснато на образите на Рашела, која од тремот, сета збунета, влегуваше во одаите со лонецот пресно млеко во рацете. Така ние почнавме да се потсмеваме еден со друг кога ќе ја видевме Рашела како, во првата квечерина, внимателно загледана во огледалото, ја зачешлува густата црна коса, пред доаѓањето на Јон.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)