Од твојот замрежен поглед се уште блескаше студениот оган на козачките сабји и истрчуваа како од најдлабока пештера брзи коњи водени од уздата на степскиот ветер заскитан дури од пенливиот Терек*
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
За годишницата од смртта на Козакот Семјон Иванович Јацун Доаѓаше во кафеаната од зад аголот без да ја забележиш престарената кајсија на широчинката која понекогаш и наесен се дрзнуваше да процути Дури и да му се насмевнеше чудесниот свет во нејзината крошна немаше да го вознемири Птиците само својата тага ја пеат но не и тагата на туѓинците Птиците што преплашени бегат пред секој шумен облак
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А отспроти од зад крваво ранетата душа на степата извираше црвениот железен порој И татнеше татнеше во зорите на потопот (И сѐ уште татнеа копитата неуморни иако одамна патот им истече) Брзаше да умреш еднаш или ако е можно повеќепати
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)