Откако творечкиот поттик ќе ја спушти раката врз празниот лист, за што зборуваше Маларме, и при пишувањето и потоа поетот го опседнуваат прашања, сомневања, скепси во пронајдениот збор во кого се вградил поттикот: чувствувањето, мотивот, идејата, спонтаното и мисленото, согласјето на звуците и созвучјата, говорниот ритам и мелодијата на фразата, боите, - оној недоловлив и пресуден здив што ја исполнува и открива песната.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
И тогаш, човечето се открива повторно, дури можам да му го видам лицето, напнато до грч, како да се бори за пресудниот здив, оној со кој ќе исплива, ќе се истргне од бездушната маса.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)