За жал, кај нас тоа во овој момент не е случај што се должи токму на фактот што институционалната изложбена дејност не е јасно издвоена од комерцијализираниот пласман на делата и тоа не само поради тоа што нема доволно приватен капитал, а и тој што постои не е стратешки насочуван кон вложување во ликовната уметност, туку и поради тоа што и најелитните институции презентираат дела чии комерцијални вредности се поголеми од уметничките.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Токму трансформацијата на овие концепти на границите лежи во средиштето на интересот на Попоски.“
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Волфганг Суцл „Попоски на извонреден начин го истражува прашањето на ерозијата на некорпоративниот простор, односно она што тој го нарекува узурпација на некогашниот јавен простор од страна на приватниот капитал.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Истовремено, сè 69 поголемата „ерозија на некорпоративниот простор“78 само го потенцира фактот дека овој важен инфраструктурен елемент на демократијата не е нешто вечно, туку претставува право кое треба постојано да се бара и преговара.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Работниците во Ван Хул во Белгија се платени по 40 евра на час, додека пак работниците во фабриката на РМ нешто под 4 евра.3 Хегемонијата на митот за странските инвестиции како единствен лек за опоравувањето на економијата, наместо дополнително да ја подобри положбата на работникот, дегенерираше во субвенционирање на приватниот капитал од страна на јавниот буџет и континуирано потиснување на работничките права се со цел да се поефтини работната сила како богатите инвеститори за себе би можеле да извлечат дополнителни профити.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Ова прашање е уште поважно и ургентно во пост-социјалистичките држави, во контекст на нивната транзиција кон неолиберален капитализам, каде што јавниот простор сè повеќе е узурпиран од приватниот капитал.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)