Тврдењето дека јазикот не може да биде логички приватен не е тврдење дека тој е логички јавен, бидејќи тоа ја остава отворена можноста за контингентна приватност, т.е. можноста за некој Робинзон Крусо напуштен на некој остров од своето раѓање, кој сепак преживува и во текот на растењето развива јазик.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
И потем одбележувам дека упатувањето на „верувањата”, на линија на претходниот аргумент, треба да се сфати како номинална вредност.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Рајт докажуваше дека услов за убедливоста на кој и да е аргумент против приватниот јазик е дека тој треба да ја допушти контингентната приватност, бидејќи во спротивно, како што истакнува тој, ќе се тврди далеку повеќе, и ние не ќе бидеме способни да најдеме смисла во она што го прави некој Робинзон кој, на пример, самиот се учи да игра со Рубикова коцка исфрлена на неговата плажа.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Заклучната поента, во поглед на врската помеѓу следењето на правилата и размислувањата за приватниот јазик, е следнава.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Идејата дека според интенционалистичкото толкување може да постои само едно следење на правило или играње игра, природно и непосредно ја сугерира врската со аргументот за приватниот јазик.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Имено, аргументот за приватниот јазик вели дека јазикот не може да биде логички приватен, т.е. да може да му биде познат единствено на оној кој го употребува.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Како и да е, следејќи го аргументот против можноста за логички приватен јазик, Витгенштајн доаѓа до заклучокот дека, како што тоа го формулира Рајт, „не може да постои нешто како привилегирано препознавање во „прво лице” на диктатите на нечие разбирање на еден израз”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Имајќи предвид дека помеѓу нив постои конфликт, кој би требало да попушти? Pace Рајт, не гледам никаква тешкотија поврзана со тврдењето дека тоа треба да го стори контингентно приватниот јазик.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сè што се бара за она што тој го употребува да биде јазик, е тој да може да биде споделен од страна на другите. (Тука не ги земаме предвид сосем тривијалните примери на „приватни јазици” кој, како кодот на Пепи, се само шифрирани јавни јазици.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Го споменувам ова со цел да покажам дека врските кои ги воспостави Витгенштајн во оваа област можат да останат по страна доколку се одбие да се прифати „ослабеното” објаснување на разбирањето кое тој го нуди.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Но дел од случајот на приватниот јазик се состои во тоа што бидејќи не би можело да има независна проверка на нечие употребување на овие внатрешни когнитивни ресурси, човек не би бил во состојба да ја препознае нивната употреба како коректна, и според тоа, за него воопшто не би можело да се каже дека го употребува изразот (го следи правилото).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Според тоа, тој не би можел да биде корисник на јазик во ниедна смисла.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Еден од длабоките ефекти на аргументот за приватниот јазик е што тој сугерира пресврт во овој редослед на тешкотиите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сметајќи дека јазикот е логички јавен, согледбите за следењето на правилата претставуваат далеку посилна теза од аргументот за приватниот јазик.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Витгенштајн, се чини, смета дека доколку разбирањето е една внатрешна когнитивна состојба, тогаш и правилото може да се следи само еднаш, а, според тоа, може да постои и приватен јазик.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тоа, на прв поглед, би можело да изгледа како заклучок од аргументот за приватниот јазик, но не е така.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Кога би постоело такво нешто, продолжуваат инпликациите, од сопствените когнитивни ресурси би можеле да препознаеме дека коректно употребуваме некој израз, (или, поопшто, следиме некои правило).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Витгеншајновиот аргумент за приватниот јазик претставува напад врз идејата дека може да постои јазик кој би можел да биде разбран единствено од неговиот корисник, т.е. логички приватен јазик. 64 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
На второ место, човек не може а да не забележи дека во литературата за овие прашања постои изненадувачко прифаќање без двоумење на философската психологија за која Витгенштајн смета дека е особено релевантна за размислувањата околу следењето на правилата и нивната поврзаност со аргументот за приватниот јазик. 66 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Но она што не е во ред кај овие сугестии е претпоставката дека аргументот за приватниот јазик имплицира дека не може да постои ништо како привилегирано препознавање во „прво лице” на диктатите на нечие разбирање на еден израз. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 65 Од фактот дека владеењето со некој израз може да се научи единствено во јавен амбиент, и дека неговата исправна употреба треба да биде контролирана од јавни проверки, не следува ништо што би се однесувало на невозможноста од разбирање на еден израз, на тој начин стекнат и контролиран, кој се состои во некоја когнитивна состојба на оној кој го употребува.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Загриженоста која Витгенштајн го наведува да тврди дека поседувањето на когнитивни состојби во „прво лице” е неконзистентна со ограничувањата на заедницата во поглед на нивното стекнување и коректната употреба, е иста со онаа која понапред ја идентификувавме во врска со платонизмот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Доколку смислата на изразите во јазикот е конституирана преку правилата за нивна употреба, и доколку тие се можни единствено врз основа на согласноста во рамките на една заедница, следува дека јазикот е нужно, т.е. логички, јавен.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Од картезијанска гледна точка, знаењето во „прво лице“ на психолошките состојби е непроблематично, бидејќи кон нив ни е отворен директен и транспарентен пристап, додека знаењето за нив во „трето лице”, како и знаењето на она за што обично сметаме дека го претставуваат, е мошне проблематично, како што покажуваат скептичките аргументи.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тоа е третата и последна точка на која би сакал да се задржам.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сметам дека постои можност она што изгледа најисправно во Витгенштајновите гледишта во оваа област, имено, барањето за јавни ограничувања во поглед на стекнувањето и употребувањето на компетенцијата за следење на правилата, може да биде замаглено по пат на неговото поврзување со вакви незадоволувачки последици.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Обете поенти зависат од потребата за јавни ограничувања, кои ја подвлекуваат суштинската дистинкција - дистинкцијата помеѓу следењето на правилото и (само) мислењето дека некој го следи правилото - а нивната основа Витгенштајн, како што е познато, ја наоѓа во договорот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)