Сè во врска со неа, за сето време додека траеше, од првите денови на јули па сè додека не паднеше и последната ракатка, некаде при крајот на месецот, во неа се вградуваше како нешто ритуално и на еден помалку погански начин се прославуваше - со пригодни песни.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ете, и учениците за тој ден ја пеат пригодната песна. Песната завршува.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Или да отвори приватни гробишта за миленици, со капела во кои би се пуштале пригодни песни за една таква, тажна пригода, на пример песнички во кои се велича верноста на песот и милозвучниот глас на папагалчето, и би се раздавале коски и мешани зрна со сипа за душа.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)