Сплет на минато и денес, прикажани низ една подотворена врата која Рада ни ја подотвори овозможувајќи му на секој да ѕирне во срцето на оваа прекрасна жена- борец.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Но оваа епистемологија исто така има корени, традиции за излекување, кои се испреплетени во самата технологија, јазикот и праксите на деструкцијата. Foucault го обнови старогрчкиот термин epimelia heauton кој ги означува психолошките и интелектуални услови во коишто личноста е заинтересирана за грижа за сопственото јас, за работата врз себе.10 Терминот исто така ги опишува и одговорностите на моќта. Epimelia heauton имплицира внимание, знаење, техники, медитациска работа што бара разбирање за потребите на светот, коишто на поединецот не му се прикажани низ цивилни закони или религиски обврски туку како избор на постоење направен од самиот поединец кој решил дали ќе се грижи за себе или не, со тоа грижејќи се и за светот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но уметноста којашто еднаш рефлектирала и пасивно претставувала апстрактни конвенции и примероци на знаење, сега активно и дословно претставува отелотворување на психичките рани, урбаната лудница и милитаризираната свест во кризата на јадрото на крајната култура.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)