Уште една парадигма на природниот универзум, на која човекот мораше да се прилагоди, а не успеваше.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Татко сакаше херојски да замине со семејството од Балканот, следејќи го патот на јагулите, трагајќи по замислената планетарна хармонија која својата полнота ја имаше во природниот универзум.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
За Татко, кој бараше излез од егзилот со враќањето во родната земја, сега ова враќање на јагулите низ новата генерација, посебно го привлекуваше како остварена парадигма во природниот универзум, чија смисла како да беше загубена за човекот, небаре изгубен рај.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)