Не можат да се применуваат никакви присилни мерки спрема странката што не се јавила на поканата од судот заради сослушување, ниту пак странката може да се присили на давање исказ (чл. 254, ст.1 од ЗПП). Доказот со сослушување на странките се изведува без полагање заклетва (чл. 255, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, само кога нема други докази или, пак, кога и покрај изведените докази е потребно да се утврдуваат важни факти – на предлог на странка, судот може да определи доказ со сослушување на странките (чл. 249, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)