Една долга врвица од дваесетина дивокози се нанижа на најостриот дел од сртот, беше еден црвен срт, а дивокозите наизлегуваа чиниш прозрачни и како сонувани по него, недофатливо високи и тенконоги, целите како во некој сребрест оклоп на одблесокот, дури цевени од него, со стократно наголемени сенки, што се издолжуваа дури до другиот срт отспротија, зачекорени и мирни, и сосема, сосема спори во приближувањето.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Остана Невена сосема сама, повеќе гладна отколку сита, но сè така чиста, прозрачна и надежна.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)