прост (прид.) - крстосница (имн.)

Занимавањето со Хусерл не беше проста крстосница.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Многу научив од текстот Што е литература? и од оние од списанието Situ- ations преку кои ги запознав делата на луѓето на кои и денес им се восхитувам (Понж, Бланшо, Батај), но во почетокот на шеесетите тоа веќе не ме задоволуваше. 4Како тогаш треба да гласи прашањето? 4Сметам дека прашањето на Сартр е нужно но недоволно, едновремено е и премногу социо-историско и метафизичко, и гравитира вон посебноста на литератур­ната структура која Сартр не ја потпрашува, или пак ја пред-толкува тргнувајќи од мошне одредени книжевни примери (исто така со непознавање на значајни книжевни фигури на овој век - било да не ги ни споменува - Џојс, Арто - било за нив да зборува, би рекол, премногу сведено - Маларме, Жене - и притоа ништо не кажува за тројцата писатели погоре споменати).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)