Странката е должна, независно од исходот на парницата, да и ги надомести на противната странка трошоците што ги предизвикала по своја вина или случај што ѝ се случил нејзе (чл. 150, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ревизија се поднесува до судот што ја изрекол првостепената пресуда, во доволен број примероци за судот и за противната странка, а поднесената ревизија не го задржува извршувањето на правосилната пресуда против која е изјавена (чл. 379 и чл. 374, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кога е тоа потребно и самиот суд може по службена должност да ги прибави потребните податоци и известувања за имотната состојба на странката која бара ослободување, а може за тоа да ја сослуша и противната странка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Поблиски прописи за издавање на уверенија за имотната состојба донесува органот определен со посебен пропис.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Странката која во целост ќе ја загуби парницата е должна, на противната странка и на нејзиниот замешувач, да им ги надомести трошоците (чл. 148, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)