Впрочем, мене и вам не ни значи ништо тоа што Уставот на нашата држава, само на хартија, ни гарантира одредено право, ако тоа [виртуелно и фиктивно] право ние не можеме и практично да си го заштитиме пред суд – затоа што, на пример, судијата не го зема предметот во работа бидејќи немаме пари да ги платиме скапите судски такси, како и лукавиот противнички адвокат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
3. На оваа мошне сензитивна проблематика ѝ е посветена посебна Глава XI во нашиот ЗПП [„Трошоци на постапката“ – чл. 145 – чл. 169].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Парничните трошоци ги сочинуваат издатоците направени во текот или по повод на постапката, а тие ја опфаќаат и наградата на противничкиот адвокат, како и на другите лица на кои законот им признава такво право.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)