2. Кога си Никаде расеан, Кога си воништо загледан, Без себе, без тело, без ум, Кога шеташ потајум Обестелесен, разлеан Со умот низ Универзумот, Несвесен за себе и светот Обземен од чудата на летот, Без крила, обессенчен Без тежина, вознесен, Кон високото упатен, Кога не си ни сон, ни сонето, Тогаш си проѕирна чистина Тогаш си: Вис-ти-на.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)