Но, тука не сме обврзани да го застапуваме ова гледиште. 60 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Со цел Витгенштајн да се предизвика во овој случај, доволно е да се постави прашањето: бидејќи се бара на објаснувањето да му дојде крајот, зошто да му се стави крај во мистеријата на тоа како почетникот успева да постапува на начин кој фактички се согласува со практиките на заедницата, попрво одошто тоа да се стори со помош на достапниот и добро познат комплекс од психолошки концепти кои пружаат толку моќна мрежа на дескрипција и предвидување?
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ова објаснување прави мистерија од она што некого го оспособува да го следи правилото, и тоа од оној вид кој ниту едно трпеливо истражување не би можело да ја реши: бидејќи, токму тука, како што ни беше кажано, на објаснувањето треба да му се стави крај.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Но интенционалистичката психологија, која не само што обезбедува едно вообичаено објаснување на разбирањето, туку и него го доведува во врска со целиот репертоар на нашите психолошки концепти - репертоар кој секојдневно го употребуваме со толку голем успех -претставува далеку подобро место за „ставање крај” на објаснувањето.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)