пцовисан (прид.) - гадотија (имн.)

Луѓето му фрлаа пцовисани гадурии под носот и му викаа: „На, сакаше да крадеш, на: јади сега...!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тие денови зимата фати доста рано: нејзиното идење го закобија дивите патки и норчињата што како црни облаци го прекрија езерото; маглите започнаа сè пониско да слегуваат, да лежат на земјата и куќите како лоша болештина; со влегувањето на новата месечина клапна и снегот и го покри сето село, ги зарамни нивјето недоугарени, ги покри недокренатите капици со пченка, ги покри сите ѓубришта останати од есента: лепешки, комина од казаните, пцовисани гадурии и сметови по бавчите и дворовите, му стави на езерото бела јака и уште повеќе му го оцрта и истакна неговото синило како штотуку истурено мастило; добитокот мука зацапан во снегот како во пенливо море, кикирикаат и кокошките заглавени во снегот и прпкаат со крилјата не можејќи да летнат како да се фатени во смола; ријат кучињата со муцките низ снегот, го цепат и го враздат просторот како подземни кртови.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)